Груевски и Јанкулоска на судење за набавката на мерцедесот

Груевски и Јанкулоска на судење за набавката на мерцедесот

Во кривичниот суд за денеска е закажано првото судско рочиште во кое обвинети се експремиерот Никола Груевски и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во случајот на специјалното јавно обвнинтелство „Тенк“ за набавката на лускузниот „мерцедес“. Предметот ќе го суди Добрила Кацарска. Во обвинението пишува дека во периодот од февруари до крајот на октомври 2012 година Никола Груевски како службено лице ги искористил влијанието и службената положба и побарал од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, да спроведе јавна набавка во која Министерството ќе купи ново блиндирано патничко моторно возило „мерцедес“, модел „С-600 гард“, а во постапката бил фаворизиран економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, генерален застапник и дистрибутер на возилата од брендот „Мерцедес“.

Јанкулоска за да го исполни барањето го поттикнала обвинетиот помошник-министер Ѓоко Поповски да стори кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Предмет на набавката било блиндирано патничко моторно возило со највисока заштита VR6/VR7, каде што во спецификацијата на возилото во тендерската документација со цел во постапката да нема конкуренција економскиот оператор М. А. ДООЕЛ, а и за фаворизирање, имало повеќе технички спецификации што се однесуваат за возилото „мерцедес“, модел „С 600 гард“, кои упатуваат на конкретно производство и трговски марки и без да биде наведено дека може да се дадат и понуди со други спецификации што се еквивалентни на наведените во тендерската документација, со што постапил спротивно на Законот за јавните набавки.

Обвинетите знаеле дека набавка на такво ново возило било вонредно скапо во услови на намалена економска и куповна моќ на Министерството. Јавната набавка била спроведена како да е за потребите на Министерството. Јанкулоска го поттикнала обвинетиот Ѓоко Поповски да го стори кривичното дело за потоа возилото од Министерството да се даде на користење и на обвинетиот Никола Груевски кој сакал да користи такво ново блиндирано патничко моторно возило, но не сакал во јавноста да се дознае дека тој како службено лице користи такво луксузно возило.

Треба да знаете
Последни објави