
Откако вдомил четири волци, Хисни Реџа од Косово еден од нив одлучил да го нарече Трамп, па го привлече вниманието на медиумите.
Хисни Реџа од соседно Косово го остварил својот сон и вдомил четири волци, а кога забележал дека еден од нив има посебна енергија без двоумење го нарекол Трамп: „Имав и други волци, но овој беше полн со енергија и беше многу паметен“.
Реџа кој што успеал да ги вдоми волците себеси се смета за Алфа Волк, а волкот Трамп го именувал за негов наследник.
„Му се восхитувам на претседателот Трамп, тој има многу енергија, заповедува, нема страв и затоа еден од моите волци го нареков Трамп. Тој не го прави тоа што го прават другите, има свој стил и ја врши својата задача“, изјави Реџа.

Кога “Gallup International” овој месец спроведе анкета за функционерите на Соединетите Американски Држави, Косово го зазеде првото место во светот по позитивните оценки за администрацијата на Доналд Трамп. Според таа анкета, 75% од Косоварите ја одобруваат администрацијата на Доналд Трамп.
Токму Вашингтон е најсилниот политички и економски сојузник на Косово. Кај нашиот северен сосед, не е реткост името Клинтон кое што родителите им го даваат на своите деца во чест на поранешниот американски претседател Бил Клинтон кој што ја одигра клучната улога во интервенцијата на НАТО во 1999-та година против Србија, што го отвори патот кон независноста.
„Американците ни дадоа најголема поддршка за време на војната. Нема друг начин да им се заблагодарам на САД, освен да го наречам мојот волк Трамп. Го гледам Трамп како волк, а мојот волк како Трамп“, изјави Реџа.



