Директорот на МНТ, Дац, вечерва повредил девојка во Скопје
Драган Спасовски Дац, директор на МНТ, вечерва на улицата Огњан Прица кај „Шампионче“ околу 21.20 часот со возило БМВ повредил 27-годишна девојка, се дознава од упатени извори.
Засега се знаат иницијалите на повредената девојка – Е.Ц.
Девојката веднаш била префрлена во болница, каде што биле констатирани лесни повреди, по што е пуштена на домашно лекување.
Увидот на местото на настанот сѐ уште е во тек.
Нема потврда за шпекулациите дека Дац бил под дејство на алкохол.