Жена пронајдена мртва во стан во Скопје
На 29.01.2018 година во 15.39 часот во Единицата за информации и команда Скопје, Т.А.А. пријавила дека во станот каде што живее на ул. „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, без знаци на живот ја пронашла својата тетка Љ.Б. (78) (со којашто заедно живееле).
Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи знаци на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.