Патриотски здруженија на протест против промена на името
Стотина членови на патриотски здруженија вечерва излегоа на протест пред Собранието и го повикаа медијаторот за спорот со името да си замине од земјава, бидејќи како што порачаа, немало да дозволат наметнато решение и промена на државното име.
„Нимиц да престане да биде учесник во геноцидот и во уништувањето на македонскиот народ и држава. Ќе се бориме со сите средства за враќање на одземениот суверенитет и за ревизија на сите спорни одлуки против државните интереси.“ – порачаа демонстрантите.