Полициски службеник до бесвест ја претепал својата сопруга

Полициски службеник до бесвест ја претепал својата сопруга

Во текот на вчерашниот ден полицискиот службеник В.Т. во својот дом во Куманово околу 20 часот и 30 минути под дејство на алкохол започнал вербална расправија со својата сопруга Н.Т.(31), а потоа и физички ја нападнал.

Како што информираат од МВР, од нападот жената паднала во бесвест. В.Т. бил лишен од слобода, при што му бил одземен службениот пиштол, со две рамки и 30 куршуми. За настанот веднаш бил известен и одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.

 

Треба да знаете
Последни објави