Пратенички прашања без опозицијата
Во Собранието денеска со почеток во 11 часот ќе се одржи седницата за пратенички прашања, на која нема да учествува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата за пратеничките прашања се одржува последниот четврток од месецот, но поради учеството на премиерот Зоран Заев на Светскиот економски форум во Давос минатата седмица, истата беше поместена за денеска.