Загина маж откако со автомобилот излетал од патот

Загина маж откако со автомобилот излетал од патот

Вчеравечер во сообраќајна незгода на магистралниот пат Штип-Кочани животот го загуби 34-годишен маж.

Според полицијата околу 22 часот на магистралниот пат Штип-Кочани, во атарот на село Тркање, автомобил форд фокус, со кочански регистерски ознаки управуван од Д.А.(34) од кочанското село Бели, излетал надвор од коловозот.

Од здобиените повреди Д.А. починал на местото на настанот.

 

Треба да знаете
Последни објави