Каменуван автобус во Ченто – приведени се 15 лица
Вечерва околу 19:35 часот на улицата „А. Авдовиќ“ се случила тепачка помеѓу две групи, при што едната го каменувала автобусот со број. 65 кој сообраќал на релација Транспортен Центар – Брњарци.
Од каменувањето искршени биле 4 стакла од вториот спрат на автобусот.
Во полициската станица Гази Баба приведени се 15 лица од двете групи.