
Блу Ајви е дефинитивно девојчето кое ќе израсне во вистинска дива исто како нејзината мајка, бидејќи нејзиното детство е малку поразлично од она на “нормалните” деца. Ќерката на родителите милионери, со само шест години има личен стилист, Мануело Мендес кој работи во Парквуд, компанијата во сопственост на Бијонсе.

Мендес ги осмислува секојдневните стајлинзи на малата принцеза, а кога станува збор за холивудските настани како на пример за време на сезоната на наградите, Блу Ајви носи лимитирани “коутур” креации. На пример нејзиниот стајлинг на Ем Ти Ви Наградите чинеше 8.000 фунти.

На неодамнешниот настан, наградите “Греми”, Бијонсе и Џеј Зи повторно ја поведоа својата ќерка, која буквално успеа цело внимание да го насочи кон неа со белиот стајлинг и слатките светкави високи потпетици. Девојчето знае на кого му е ќерка, па и таа се однесува како мала дива.

Додека останатие деца си играат во паркот, Блу Ајви расти во една луксузна средина. Покрај нејзиниот стилист, Блу Ајви има личен кувар и лично обезбедување.



