Отишла да џогира и никогаш не се вратила! Сопругот со месеци ја барал и оплакувал, а потоа се дознало – тој е убиецот!

 

34-годишниот Жонатан Давал, компјутерски експерт од Франција, чија сопруга Алекса била мистериозно убиена пред три месеци, признал дека “случајно” ја задавил својата сопруга, иако до тогаш фантастично се вклопувал во улогата на ожалостен сопруг.

На собирите на кои му била давана поддршка на Дувал, секогаш бил на работ на солзи. Телото му го треселе грчеви додека им се обраќал на присутните: “Зад секој поглед и секоја размена на зборови, собираме сила да тргнеме напред”. 

Овие зборови ги изговорил по еден протестен марш во знак на сеќавање на неговата сопруга. Три месеци подоцна, притисната од доказите, го признал убиството.

“Според неговите зборови тоа било несреќен случај и многу жали поради тоа”, тврдат неговите адвокати Мес Орнел Спатафиори и Рендал Швердорфер. Адвокатот потврдил дека неговиот клиент ја задавил сопругата, но дека “немал криминални намери” и дека “никој друг не бил вмешан”.

Кој е Жонатан Давал? Тој потекнува од големо семејство од округот Хаите-Саоне на истокот на Франција. Бил тивко дете, а во младоста се занимавал со спорт, вели еден негов познаник.

Така пред 15 години ја запознал Алекса со која ја делел страста кон џогирањето.

“Таа никогаш не покажуваше знаци дека е несреќна”, вели близок пријател.

Последните 10 години работел на одржување на компјутерите во една компанија. Неговиот шеф за медиумите изјавил дека не верува дека Жонатан е способен за убиство.

Тоа утро кога Алекса исчезнала тој не бил на работа, но отишол да му помогне на својот сосед.

Од убиството поголем дел од времето минувал ширејќи ја “вистината” за исчезнувањето на својата сопруга. Адвокатите на родителите на Алекса тврдат дека тие уште не веруваат дека тој ја убил нивната ќерка.

“Го сакавме како син, а тој никогаш не покажа насилна природа”, тврдат тие.

Истрагата од почетокот не одела во насока на проблем во бракот, но по некое време снемувало опции. Тие се обидувале да добијат дете, па тоа било извор на тензиите.

Отишла да џогира и не се вратила

Жонатан признал дека на 27. октомври минатата година имал расправија со сопругата, а истата станала насилна. Алекса на 28. октомври утрото отишла да трча. Бидејќи не се јавувала неколку часа, нејзиниот сопруг во полиција го пријавил нејзиното исчезнување. И никој друг не ја видел Алекса да трча тој ден. Наместо тоа, соседот пријавил дека еден автомобил заминал ноќта од пред куќата на Давал. Нејзиното тело било пронајдено два дена подоцна, делумно запалено и прекриено со модринки во грмушки во близина на нејзината рута за трчање.

Трагови од гуми исти како на автомобилот на Жонатан биле пронајдени покрај нејзиното тело.

Соочен со доказите тој тврдел дека спиел со својата сопруга на 27. септември, но не можел да го објасни движењето на својот автомобил ноќта за време на убиството. Сепак, признавањето на убиството било неизбежно.

Треба да знаете
Последни објави