Со повреда на главата завршил мотоциклистот по сообраќајката со Јакимовска

Со повреда на главата завршил мотоциклистот по сообраќајката со Јакимовска

Повредениот мотоциклис по сообраќајката на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, во која учествувало возило БМВ, управувано од блиска роднина на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, со Итна помош бил префрлен на скопските клиники. 37-годишниот Ѓ.А. се здобил со повреда на главата и лактот, велат од таму.

-Дечкото е во општа стабилна состојба во моментов, има повреда на лактот и на главата. Во моментов му се прават дополнителни испитувања – изјави за „Фокус“, Илир Хасани, директор на скопскиот ургентен центар.

 

Треба да знаете
Последни објави