Трагедија во Македонија: На лице место почина 14 годишно дете
Во 13 часот и 45 минути лекар од приватна амбуланта во селото Голема Речица, тетовско, пријавил дека во амбулантата без знаци на живот бил донесен 14-годишниот И.И. од Долно Палчиште.
Според пријавата, малолетникот на селскиот пат, управувајќи мотоцикл „Крос“ без регистарски ознаки, удрил во паркирано возило „Опел астра“ со тетовски регистарски ознаки.
Од ударот, 14-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во амбулантата во Голема Речица, каде била констатирана смрт.
Увид на местото на настанот ќе врши Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.