24 ИНФО разговараше со градоначалничкта на општина Арачиново Миликије Халими за визијата на општината и проектите предвидени за оваа година.
Почитувана Халими, со оглед дека Вашата општина во континуитет и со децении наназад се соочува со недостаток на основните услови за живот на граѓаните, како што се водата, канализација како и недостаток на училишта. Кои се приоритетите кои ВИЕ ќе ги отпочнете оваа година за решавање на проблемите?
Секако дека наследивме повеќе проблеми во општината. Ние имаме програма со која настапивме на локалните избори. Програма која беше подржана од страна на граѓаните и ни дадоа мандат да управуваме со општината овие четири години. Во нашата програма, имаме конкретни проекти и цели за развој на нашата општина. За оваа година се предвидуваат да започнат неколку проекти, како што се канализција, подобрувње на водоводната мрежа, изградба на градинка, изградба на општинска зграда, решавање на проблемите со депонијата, подобрување на условите во училиштата, како и сите други иницијативи од страна на граѓаните за подобрување на нивниот живот во општината.
Какви активности превземате за развој на локалната економија, имајќи во предвид дека неодамна најавивте изградба на Фабрика во Арачиново?
Веќе сме на финални разговори со странска компанија, и веруваме дека многу брзо ќе имаме конкретен договор. Во преговори сме со министерството за транспорт и врски и со министреството за земјоделство, за да најдеме соодветна локација за странскиот инвеститор, бидејќи општината не поседува сопствено земјиште, туку истото припаѓа на државата
Неодамна најавивте решение за корисниците на услугата на собирање отпад и на водоснабдувањето, кое е конкретното решение и какви услови ќе добијат жителите на Арачиново?
Што се однесува до отпадот, најдовме решение за настанатиот проблем, додека за водоснабдувањето очекуваме дополнителни активности за подобрување на водоводната мрежа. Треба да нагласиме дека ЈП за Водовод и Канализација е не функционално и со многу долгови. Во моментов се трудиме да изнајдеме решение, за во блиска иднина да немаме никаков проблем со водоснабдувањето.
На жителите на општина Арачиново им го отпишавте долгот за вода до 30.11.2017 година. Како во иднина планирате да менаџирате редовни плаќања, со цел да не се повтори праксата за повторно отпишување на долговите?
Веќе сме во процес на регистрација со сите корисници на вода, преку ЈП за Водовод и Канализација, и со тоа ќе ја имаме вкупната бројка на корисници. Со истите ќе склучиме договор за користење и плаќање на водата.
Со која стратегија ќе ги подобрите условите во училиштата и дали планирате во 2018 година отварање на ново училиште , имајќи го во предвид недостатокот на истите?
За 2018 година приоритет ни е да го решиме проблемот со изградба на градинка бидејќи воопшто нема во општината. Што се однесува во делот на училиштата планираме нивна реконструкција, за изградба на нови се надеваме дека кон крајот на оваа или почетокот на наредната година ќе бидеме во можност да ги реализираме.
И за крај, како успевате да ги менаџирате обврските помеѓу градоначалничката функција и приватниот живот?
Со многу труд, љубов и посветеност се постигнува се, како во работата така и кон семејството. Не е лесно, но се трудам да ги избалансирам.