Разрешени двајца директори на клиники

Разрешени двајца директори на клиники

Разрешени се директорите на две скопски клиники. Од Клиниката за уво, нос и грло е сменета Габриела Копачева Барсова, а на нејзино место е назначен Јане Нетков, кој во време на министерувањето на Арбен Таравари беше назначен, па веднаш потоа сменет со образложение дека настанал превид.

Од директорската функција на Клиниката за детска хирургија е сменет Ристо Симеонов, а на негово место е назначен Лазар Тодоровиќ. Оставка на директорското место на Клиниката за рентгенологија и радиологија си дала Елизабета Стојовска, пишува порталот НоваТВ.

Министерот за здравство Венко Филипче за порталот ги потврдил смените на двете клиники.

Смени се очекуваат и на клиниките каде што имало директори од Алијансата на Албанците – клиниките за очни болести, кардиологија и стоматологија.

 

Треба да знаете
Последни објави