Жестоки реакции по изјавата на министерот Филипче
Социјалните мрежи ги преплавија остри критики на адреса на министерот Филипче, кој вчера прстот го впери во родилките лоцирајќи вина за големата смртност кај новороденчињата. Невкусно е , пишуваат граѓаните, жените да се прогласат за одговорни во ситуација кога во преку 40 општини нема ниту еден гинеколог. Меѓу нив се скопските Илинден, Петровец и Арачиново. Таму жените денеска не го криеа револтот од изјавата на министерот, порачувајќи му дека најблиската гинеколошка ординација им е на околу 10 километри оддалеченост, а до таму менуваат и по два автобуси.
И невладините се изненадени од ијавата на Филипче. Велат, може да се бара индивидулана одговорност, но не и колективна од жените. Добро е што кончено излегува со стратегија, но лошо тоа што вината ја бара на погрешно место.
Ставовите ги делат и од здружението ЕСЕ. Оттаму од министерот побараа и појаснување на методологијата за детектирање на вистинските причини за смртноста, Да каже која опрема и лекови за животно загрозувачки ситуации недостасуваат во родилиштата, како и преку кои институции ќе се спроведува едукацијата на жените. Од друга страна, дел од матичните гинеколзи прашуваат со кого Филипче ја подготвувал стратегијата, бидејќи тие не биле консултирани.