Ја истепал невенчаната сопруга пред гости
Ноќва околу 2 часот дваесет и петгодишната Ц.Д. од Гостивар пријавила семејно насилство што го извршил нејзиниот невенчан сопруг Ш.Ш. (37) од Гостивар.
Тој ја навредувал и омаловажувал пред гостите во нивниот стан, а во неколку наврати физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници.
По пријавувањето на насилството, Ш.Ш. бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосно документирање на настанот, против Ш.Ш. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од полицијата.