Детската клиника ќе се зајакне со 20 нови медицински сестри
Временото затворање на хематолошкото одделние на детска ги размрда здравствените власти. Клиниката ќе се зајакне со нови 20 медицински сестри. Министерот Филиче веќе испратил барање до Фондот за здрвство за новите вработувања.
Веќе се обезбедени дел од средствата и од педијатриста клиника но и екстра средства од ФЗО, 48 ќе бидат примени 20 сестри и на затвореното одделение и на интензивната нега каде целиот изминат период недостасуваше кадар. Направивме анализа заесно со МТСП идернтификувавме огромен број невработени сестри, така што, верувам дека ќе можеме да најдеме кадар што ќе работи во овие одделенија. Одделението се затвори за да не дозволиме никаква импровизација додека нема доволен број на луѓе, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Филипче смета дека префрлањето на децата болни од рак од еден на друг оддел било најбезболното времено решение, во услови на недостиг на медицински кадар.
Тоа е во рамките на истата зграда, подобро е да се стават на исто место сите деца каде има доволно кадар да им пружи нега, отколку замислете да бидат во оделение каде не може да се спроведе негата за така тешки дијагнози, вели Филипче.
Хемтолошкото одление на детска клиника 24 часа беше под клуч, бидејќи медицинските сетри заминале на боледување и раководството не успеало да организира ноќно дежурство. Доколку наскоро не се вработат медицински сестри, со проблем ќе се соочат и други јавни здравствени установи. Министертсвото за здратвство во моментот ја скенира состојбата. Пред да се носат одлуки за нови вработувања, ќе утврдуваат каде и каков кадар недосасува.