Холи Клег (23) е студентка од Велика Британија, која едно утро се разбудила со зголемени усни. Таа била уверена дека станува збор за алергиска реакција, па веднаш се упатила во Брза помош знаејќи дека нејзината состојба не е сериозна. Меѓутоа, следуваше шок.
Холи поминала три операции во седум месеци сè додека да ѝ ја дознаат вистинската дијагноза. Прво докторите се сомневале дека станува збор за ХИВ, па херпес, па потоа за различни полови болести. Но, после сите испитувања, докторите дошле до сознание дека станува збор за инфекцијата со име Panton–Valentine leukocidin.
Поради оваа инфекција, Холи пие 15 различни антибиотици, но на секои две седмици таа го доживува истото, усните и понатаму ѝ отекуваат, а овој проблем може да ја доведе до сепса или воспаление на белите дробови.
“Додека истражуваа што ми е, бев сосема изгубена. Лицето постојано ми отекуваше, прво беше само устата, но потоа и останатите делови на лицето. На крајот, кога излегував до дома ја покривав главата, бидејќи сакав да се сокријам”, вели Холи.
Пред само два месеци, точно кон крајот на декември минатата година, таа дознаа што се случува со неа. Сепак, оваа инфекција ѝ остави трајни лузни, за кои нема лек.
“Пресреќна сум што конечно знам што ми е , но сега нема третман за моите лузни. Девет месеци поминав низ пекол и сега сакам да ги охрабрам сите кои поминуваат низ истото”.