Општина Бутел дел од акцијата „На работа со велосипед“

Општина Бутел по повод Меѓународниот зимски ден на одење на работа со велосипед кој се одбележува утре, ги повикува сите жители и своите вработени да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат на работа.

На ден 09.02.2018 ( Петок) е Меѓународниот зимски ден на одење со велосипед на работа наречен Bike tо Work. По тој повод општина Бутел се придружува и го поддржува овој интернационален ден.

Општина Бутел ги повикува сите Бутелчани како и вработените во општината да ги извадат велосипедите и со нив да дојдат до нивното работно место. 
Bike to Work (на работа со велосипед) е настан во годината кој се одржува во различни денови насекаде низ светот. 

Целта на овој настан е промоција на велосипедот како единствено превозно средство до работа, училиште, со ова се подига свеста за секојдневно користење на ова превозно средство со цел за намалување на загадениот воздух, почиста животна средина и сообраќајат во градот Скопје. 

 

Треба да знаете
Последни објави