Тројца затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад
Тројца затвореници од штипскиот затвор од денеска започнаа штрајк со глад. В.д. директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров вели дека информацијата која одредени медиуми ја објавија дека во затворот штрајкуваат триесетина осуденици е шпекулација.
Тој за МИА потврдува дека од денеска во овој затвор со глад штрајкуваат вкупно тројца осуденици и тоа од првиот затвореник е од охридско-струшкиот регион, вториот од Скопје, а третиот од Струмица.