Околу 30.000 луѓе присуствувале на денешната комеморација на рускиот пилот чиј авион беше погоден над провинцијата Идлиб во северна Сирија.
Пилотот Роман Филипов успеал да се катапултира, но по престрелката со екстремистите на копно, се разнел активирајќи рачна бомба кога сфатил дека екстремистите му се доближуваат.
На комеморацијата присуствувале рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и други истакнати државни службеници, пренесуваат агенциите.
Според изјавите, Филипов е погребан во Вороњеж, град во југозападна Русија.
Филипов бил оженет и имал четиригодишна ќерка.
Претседателот на Русија, Владимир Путин, пред два дена, постхумно го одликувал погинатиот руски пилот Роман Филипов за херој на Русија.
Телото на рускиот пилот, кој погинал непосредно по рушењето на неговиот авион “Suhoj 25” од страна на припадниците на џихадистичката група Тахрир ел-Шам, над територија контролирана од екстремисти, е пренесено во вторник во Русија. Филипов се катапултирал недалеку од селото Тел Дебес и до последен здив се борел против екстремистите со оружјето што го носел со себе, наведено е во соопштението на руското министерство, пренесува TASS.
Џихадистичката група Тахрир ел-Шам ја преземала одговорноста за соборувањето на рускиот борбен авион “Su-25” на северот на Сирија во саботата.
Таа група, кон која претходно се приклучил и екстремистичкиот Нусра Фронт, тврди дека го соборила авионот со рачен ракетен фрлач, но не навела кој е одговорен за убиството на пилотот кој се катапултирал.
Нусра Фронтот некогаш бил дел од Ал Каеда во Сирија.