Драма на Шапка: Се изгубиле двајца Французи, полицијата ги најде живи и премрзнати
Денеска околу 15 часот во СВР Тетово пријавено е дека двајца француски државјани, волонтери во Центарот за интеркултурен дијалог од Куманово залутале и се изгубиле на падините на Попова Шапка, а единствено што знаеле дека се наоѓаат покрај некоја карпа.
„Полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка и претставници на Горскоспасителната служба веднаш започнаa со координирани активности за нивно лоцирање, пронаоѓање и извлекување од силното снежно невреме. Некаде околу 17 часот и 50 минути, тие се пронајдени живи, но премрзнати и со ратрак се спуштени во Полициското одделение Попова Шапка“, вели портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Плусинфо.