Приведени тројца нарко-дилери
Полицијата поднесе кривични пријави против Н.С. (45), Џ.Д. (35) и Д.Г. (21), сите од Скопје, поради сомневање дека шверцувале хероин и марихуана.
На 5 февруари, по судска наредба, бил извршен претрес во домот на Н.С. на улица „Венијамин Манчуковски“ во Скопје. При претресот биле пронајдени 23 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 20,10 грама, наменети за улична препродажба. Во истата акција полициските службеници запреле моторно возило на Џ.Д.(35) кај кого биле пронајдени две полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 24,42 грама.
Во друг случај, на 5 февруари на паркинг простор на улицата „Лазар Трпковски“ полицијата го претресе Д.Г. кај кого била пронајдена најлонска кеса со марихуана (47,81 грама) и една најлонска кеса со амфетамин со маса од 14,69 грама.
Покрај ова, на 6 февруари бил извршен претрес и на имоти на лицата С.Р. (29), Б.Р. (52) и Ј.К. (30), сите од Скопје. Кај С.Р. (29) од село Батинци бил пронајден еден пиштол со една празна рамка. С.Р. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.