Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскорсница-Дебар

Забрана за тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскорсница-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на планинските, осојничави места коловозите се влажни. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и на планиските премини Маврово, Стража, Пресека и Ѓавато, кој во моментов не претставува пречка за нормално одвивање на сообраќајот.

Од 9:00 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Мавровска раскрсница-Дебар, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Треба да знаете
Последни објави