40- годишен пробиштипјанец се обидел да силува 18-годишна штипјанка, откако не успеал ја претепал
Брутален обид за силување на млада штипјанка. 40 годишен пробиштипјанец со иницијали Д.Н., преку СМС пораки и се заканувал на 18 годишна девојка од Штип, дека доколку не дојде кај него, ќе отиде кај нејзините родители и ќе и направи сериозни проблеми. После упатените закани, таа се сложила да отиде во куќа во Штип, каде насилникот бил дојден, по што се обидел да ја силува. Откако не успеал, почнал да и ја удира главата во ѕид, а потоа и со тупаници во пределот на главата и телото и нанел телесни повреди. За среќа, штипјанката успеал да побегне и случајот да го пријави во полиција.
– Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од СВР-Штип. 40 годишното осомничено лице е лишено од слобода и задржано во полициска станица во Штип, за понатамошна постапка-изјави Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип
Во клиничката болница е извршен лекарски преглед на девојката, при што се констатирани повреди по главата и телото. По целосно документирање на случајот, полицијата ќе поднесе кривична пријава за „силување во обид“ и нанесување на телесни повреди.