Владата ќе го продава „мерцедeсот“ на аукција со почетна цена од 230.000 евра
„Мерцедесот” што беше купен за 600 илјади евра, Владата на Република Македонија на денешната седница реши да го продава на аукција со почетна цена од 230.000 евра.
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски по денешната седница на Владата преку видео на Твитер соопшти дека „мерцедесот“ што беше набавен по барање на поранешниот премиер Никола Груевски, ќе биде ставен на електронско јавно наддавање.