Есер Џевахир, првиот човек на „Џевахир скај сити“ конечно доби македонско државјанство
По одложување од минатата седница Владата на денешната седница одлучуваше по барањето на Есер Џевахир, за прием во државјанство на Република Македонија, согласно член 11 од Законот за државјанството на Република Македонија, барањето му беше прифатено и истиот е веќе државјанин на Република Македонија.
Есер Џевахир е прв човек на „Џевахир холдинг“, турска компанија која во главниот град Скопје го реализира градежниот проект „Џевахир скај сити“ во чии рамки се градат неколку облакодери со кои Македонија ќе ги добие највисоките градби на Балканот.