Лондонскиот суд денеска одлучува за слободата на Џулијан Асанж

Судот во Лондон денеска треба да одлучи дали е во интерес на правдата да се поведе судска постапка против основачот на „Викиликс“ поради непочитување на одредбата за условна слобода во 2012-та година.

Доколку судијата одлучи во негова корист, тогаш 46-годишниот Џулијан Асанж ќе биде слободен и ќе може да ја напушти амбасадата на Еквадор во Лондон во која престојува повеќе од пет години.

Сепак, може да се случи Асанж и натаму да остане во амбасадата каде што доби политички азил, бидејќи стравува дека Велика Британија може да го уапси по налог од САД.

Асанж првично беше баран и од шведскиот суд поради обвиненија за силување, што тој категорично ги негираше. Во меѓувреме, шведскиот суд го отфрли случајот, но британската полиција може да го уапси основачот на „Викиликс“ поради кршење на одредбата за условна слобода.

Асанж стравува од екстрадицијата во САД, каде што би можело му се суди за објавување на доверливи воени и дипломатски документи, што е најголемото протекување на информации во историјата на САД.

Треба да знаете
Последни објави