Иако Марсело Кривела, градоначалник на Рио де Жанеиро и припадник на влијателната евангелистичка црква, ги укинал 1,5-те милиони долари за парадата, и овогодинешниот карневал бил фантастичен!
Најпознатиот карневал на светот започнал во петокот во Рио Де Жанеиро, а ќе трае уште денес, иако градоначалникот пуританец се обидел да ја спречи експлозијата од сексапил.
Медиумите го нападнале Кривела дека, поради своите верски убедувања, се обидува да ја расипе најголемата забава на светот.
“Не е вистина тоа што луѓето го зборуваат, дека имам предрасуди кон карневалот”, се бранел тој и додал дека не сака на никого да му ја уништи забавата. Сепак, со денови било нејасно дали тој ќе се појави на карневалот. Се појавил, но сепак не ги предал лично клучевите на градот на кралот на карневалот, туку тоа го направил претседателот на Туристичкото биро на Рио.
Кривела е бискуп на една од најголемите и највлијателни евангелистички цркви – Универзалната црква на Кралството Божјо – а за прв човек на Рио бил избран во 2016. година. Многу евангелисти, кои го довеле на власт, се спротивставуваат на карневалот.
Драмата околу предавањето на клучот на градот ја нарекол “верска догма”, па се запрашал – дали е тоа воопшто важно.
“Дали со тоа ќе се подобри образованието или здравството”, се прашал тоj.