Адвокатот на Груевски немал записник, бара да се одложи судењето

 

Димитар Дангов, еден од адвокатите на четворицата обвинети во случајот „Траекторија“, рече дека бара да се одложи судењето зашто го немал добиено записникот од 31 јануари. Тоа го побара и адвокатот Дончо Наков. Судот претходно ги одби сите 6 приговори на обвинетите од минатото рочиште, со што бомбите ќе бидат доказ во постапката.

Обвинителката Лиле Стефанова од СЈО рече дека би било несериозно да се произнесува по предлозите на адвокатите на обвинетите бидејќи се доставуваат непосредно пред секое рочиште, а не неколку дена претходно.

„Истите предлози на одбраната се повторуваат постојано, а судот веќе се има произнесено“, рече Лиле Стефанова. Таа додаде дека предлози за доказите може да се доставуваат само во доказна постапка, а не пред почетокот на главната расправа. „Обвинетите ги имаат добиено сите докази, освен бомбите и СМС-пораките, но и тие им се достапни. Обвинетите можеа по трипати досега да ги преслушуваат бомбите“, им рече обвинителката на судиите. Според неа, ова е одолжување на постапката за истите околности постојано да се доставуваат нови предлози.

Судијата Горан Бошевски ги упати обвинетите и адвокатите на шалтер да си ги подигнат записниците од минатото рочиште. Судењето продолжува по еден час пауза.

Во предметот „Траекторија“ се обвинети четворица поранешни владини функционери, осомничени дека во 2012 и 2013 година презеле повеќе дејства со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Обвинети за злоупотреби во изградбата на автопатите се поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, како и поранешниот премиер, Никола Груевски.

 

 

 

 

 

ИЗВОР:http://tocka.com.mk/vesti/260650/advokatot-na-gruevski-nemal-zapisnik-bara-da-se-odlozi-sudenjeto

Треба да знаете
Последни објави