ГОЛЕМ БРОЈ ЖРТВИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ФЛОРИДА

ГОЛЕМ БРОЈ ЖРТВИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО СРЕДНО УЧИЛИШТЕ НА ФЛОРИДА

Сенаторот од Флорида Бил Нелсон изјави дека има многу мртви во пукањето што денеска се случи во едно средно училиште во Паркленд.

Според локалните медиуми, пукањето се случило неколку минути пред крајот на наставата во училиштето „Стоунмен Даглас“, што се наоѓа 72 километри северно од Мајами.

„Немавме никакви закани и најави дека ова би можело да се случи. Има голем број жртви. Ова е ужасна ситуација, ужасен ден за сите нас“, кажа директорот на училиштето, Роберт Ранси.

Канцеларијата на шерифот потврди дека осомничениот е во притвор и дека има жртви.

„Сега-засега, има најмалку 14 жртви. Тие се превезуваат во локалните болници“, објави таа на Твитер.

ТВ-снимките покажаа како учениците се евакуираат од училиштето, а оние што останаа внатре, добиле инструкции да останат на сигурно додека полицијата не дојде до нив.

Треба да знаете
Последни објави