Момчето по име Ноа кое што тврди дека доаѓа од 2030-та година, се согласил на полиграфско испитување и наводно, успешно ги минал тестовите.
Тој и натаму тврди дека доколку открие повеќе детали, ќе го загрози сопствениот живот. Ноа открил неколку работи кои што наводно не очекуваат во иднина. Тој вели дека Доналд Трамп повторно ќе биде избран за претседател во 2020-та година и дека вештачката интелигенција ќе биде во полн замав.
„Немам намера да лажам некого. Мојата единствена цел е да докажам дека патувањето низ времето постои, затоа што јас сум временски патник“, говорел Ноа пред камерите.
Исто така, како што пренесуваат американските медиуми, Ноа открил дека пати од анорексија и депресија и всушност има 50 години, но изгледа како да има 25 затоа што се напил лек за подмладување.
Со оглед на тоа што неговите коментари предизвикаа лавина на реакции, тој се согласил да биде полиграфски испитан. Кога го прашале дали доаѓа од 2030-та година, тој одговорил потврдно и полиграфот покажал дека тој ја зборува вистината.
Ноа тврди дека има цврсти докази кои што може да ги потврдат неговите тврдења, но не е сигурен дали може да ги открие. Ноа тврди дека во иднина роботите ќе управуваат со домовите и дека криптовалутата „Биткоин“ и натаму ќе биде во употреба. Како што тврди, бил на Марс и во 2028-ма година.