Заев на традиционално закројување на лозјата во Тиквешкиот крај

 

Претседателот на Владата на РМ, Зоран Заев, придружуван од министерот за земјоделстсво, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и советничката за земјоделски политики, Ленче Николовска, ќе присуствува на манифестациите кои што се одржуваат во Кавадарци и Неготино, по повод традиционалното одбележување на празникот на лозарите и винарите.

Во рамки на посетата на овој регион, претседателот на Владата, Зоран Заев ќе се сретне и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и со градоначалникот на Неготино, Тони Делков. Премиерот Заев ќе разговара со граѓаните и земјоделците од овој крај, а ќе посети и неколку винарии.

Лозарите денеска го празнуваат Свети Трифун – Денот на лозарите, кој се смета за нивен заштитник. Лозарите на овој ден ги потскратуваат младите лозови гранчиња и веруваат дека Свети Трифун ќе ги штити од разни болести.

Извор: http://makfax.com.mk/daily-news/%D0%B7%D0%B0%D0%B5%D0%B2-%D0%BD%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D0%BA%D1%80%D0%BE%D1%98%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0/

Треба да знаете
Последни објави