Жители на Солун побараа оставка од Бутарис, предавнику оди во Скопје да бидеш градоначалник
Група од околу 70 лица, според солунските медиуми, се собра денеска пред зградата на општина Солун и побара оставка од солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис, по неговите вчерашни изјави за евентуални преименувања на аеродромот и автобуската станица во Солун.
Како што јавува дописникот на МИА од Атина, насобраните граѓани, со грчки знамиња во рацете, извикуваа: „Дај си оставка“; „Да одиш во Скопје да бидеш градоначалник“; „Предавник“, а во потпишана резолуција што беше доставена до заменикот градоначалник на Солун, бараат од Бутарис, јавно да се извини и да си даде оставка, бидејќи неговите изјави „ги навредиле солунчани“.