Прегазено 7 годишно дете, со тешки повреди пренесено во болница
Патничко возило „Сеат Ибица” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(60) од Скопје вчера околу 18 часот удрило во седумгодишно дете во Сарај.
-По незгодата, детето со друго возило било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза”, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и било задржано на лекување, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.