„Ќе те однесам во подобар свет“: Мирослав и јавил на полицијата дека ќе се убие себеси и синот (7), а потоа седнал во автомобилот…
Мирослав Митиќ (33) се уби синоча и се обиде да го убие и својот седумгодишен син, така што намерно, со украден „голф 2“ се заби во друг автомобил на патот Ниш – Лесковац.
Мирослав, по двочасновната борба на лекарите за неговиот живот, им подлегна на повредите.
Инаку вчера, Митиќ вечерта се јавил во полицијата во Ниш, каде што живеел и им рекол дека вечерва ќе се убие себеси и својот син во своето родно место, село Бобиште кај Лесковац.
Митиќ на полицајците во телефонскиот разговор им рекол: „Ќе го однесам син ми во друг, подобар свет“.
Полицијата веднаш им јавила на колегите во Лесковац кои излегле на улица и се обиделе да го пресретнат и запрат во ужасната намера.
Меѓутоа, Митиќ возел премногу брзо, полицијата го бркала, но се дал во бегство и намерно под полн гас удрил во друг автомобил на патот.
До челен судар не дошло, благодарение на присебноста на другиот возач, кој малку завртел кога видел дека автомобилот оди на него.
Полицајците веднаш им укажале прва помош на повредените до доаѓањето на лекарската екипа.
По два часа борба за неговиот живот, Мирослав им подлегнал на повредите во болницата во Лескавац.
Нивниот седумгодишен син, за среќа, ја преживеа оваа ужасна драма и помина без поголеми повреди, само со гребаници.
Детето е однесено веднаш во старателско семејстов кое ја презело грижата за него, соопшти Центарот за социјална работа.
55-годишниот Благоја С. иако лесно повреден, раскажа дека тој возел од правец на Грделица, а другото возило од правец на Лесковац возело во истата лента, па така дошло до директен судар.
-Него го бркаше полиција. За жал, со сета силина се заби во мојот автомобил, рече Благоја.
Инаку, Митиќ имал големи семејни проблеми. Имено, бил многу несреќен зошто пред неколку години го напуштила мајката на неговиот син, Снежана Б., и тој се грижел за седумгодишното дете. Мајката не го посетувала.
Имено, тој исто така западнал и во долгови, а зад себе имал и криминално досие.
Трагедија во семејството
Митиќ имал и една голема трагедија во животот од која никогаш не се опоравил. Имено, пред 7 – 8 години, неговиот татко и дедо ги убил локален криминалец.