Драма во Гостивар: Ја претепал младиот љубовник па го пријавила во полиција
А.Е.(38), која времено престојувала во Гостивар, вчера пријавила дека Ј.Х.(23) од с. Здуње, гостиварско, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал.
Ј.Х. истиот ден, во неколку наврати влегол и излегол од нејзиниот стан, во кој живеела под кирија.
Околу 18.30 часот ја нападнал додека била пред влезот на станбената зграда, ја соборил на земја и повеќе пати ја удрил со тупаници по главата и телото.
Таа била пренесена во гостиварската болница каде и била укажана лекарска помош. Ј.Х. бил повикан во Полициската станица Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.