Дума е нов директор на Очната клиника, Цана на Стоматологија

Дума е нов директор на Очната клиника, Цана на Стоматологија

Од Министерството за здравство информираат дека се назначени нови директори на повеќе јавни здравствени установи. Во Универзитетска клиника за очни болести за в.д. медицински директор е назначен д-р Христиjан Дума, а на Универзитетскиот стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје за в.д. медицински директор е именувана д-р Амела Цана. Дума доаѓа на местото на д-р Беким Татеши, а Цана е назначена на местото на д-р Агим Караи.

Нов директор доби и Клиниката за кардиологија, на местото на д-р Беким Поцеста е назначен д-р Жан Зимбаков.

Кадровските смени следуваат по одлуката на „Алијансата за Албанците“ да ја напушти владината коалиција затоа што претходниот министер за здравство Арбен Таравари беше избран за градоначалник, а Владата не го прифати новиот предлог за министер за здравство од „Алијансата“.

Треба да знаете
Последни објави