Работна посета на Димитров на Република Бугарија

Работна посета на Димитров на Република Бугарија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денес, во Софија, во рамките на работната посета на Република Бугарија, оствари средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Министрите за надворешни работи на двете земји, Димитров и Захариева, во присуство на премиерот Борисов, ги разменија ратификационите документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила. Притоа, министрите и премиерот ја подвлекоа важноста на Договорот, како поттик за натамошно зацврстување на односите и соработката меѓу двете држави, но и добар пример за унапредување на добрососедските односи меѓу државите во регионот.

Во фокусот на билатералните разговори  беа ставени прашањата од заеднички интерес за двете држави, во насока на унапредување на севкупната соработка по влегување во сила на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, со акцент на економијата, енергетиката и инфраструктурата.

На сите средби беше констатирано дека Република Македонија и Република Бугарија ги споделуваат заедничките европски вредности, идерали и принципи. Исто така, беше изразена подготвеност за конкретна поддршка на евро-атланските процеси кои ќе овозможат реализација на долгорочните стратешки приоритети на Република Македонија.

 

Треба да знаете
Последни објави