Алкохолот е поштетен за мозокот од марихуаната?

Ново истражување покажува дека алкохолот е поштетен за мозокот, во однос на марихуаната.

 

Истражувањето во кое учествуваа 850 возрасни и 430 тинејџери, покажа дека алкохолот, а не марихуаната, влијае на намалување на нервното ткиво.

Додека сивата маса ги контролира мозочните функции, белата ја контролира комуникацијата на нервите и мозокот.

Секое намалување на оваа маса влијае на функциите, но тоа намалување не било забележано кај испитаниците кои консумирале само марихуана.

„Иако и марихуаната може да имa негативни последици, тие не се ниту близу опасни како последиците кои ги предизвикува алкохолот“, објаснува коавторот на истражувањето Кент Хатчинсон.

Авторот на истражувањето Рејчел Тајлер, од друга страна, предупредува дека многу научници не знаат како марихуаната влијае на човечкиот мозок.

Научниците исто така пренесуваат дека резултатите од влијанието на марихуаната на мозокот, сепак не се идентични во секое истражување.

Така, едно истражување покажало дека со комбинација на алкохол и канабис се намалува ризикот од заболување на црниот дроб.

Треба да знаете
Последни објави