Драма во спортска обложувалница во Аеродром

Драма во спортска обложувалница во Аеродром

Триесет и седум годишниот Г.М. вчера пријавил дека во спортска обложувалница лоцирана на булеварот  „Јане Сандански“ непознато лице изреволтирано бидејќи му била побарана лична карта  за исплата на добитен тикет (согласно законските прописи за исплата на добивка) почнало да му се заканува на вработениот (пријавителот) и во еден момент со кутија полна со пенкала фрлило кон него и го погодило во лицето, информираат од полицијата.

Потоа сторителот излегол надвор и земал канта за отпадоци и почнал да удира по влезната врата од објектот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави