Хорор во скопско: Маж ја тепал сопругата пред синот
В.М. (48) од скопско Бујковци вчера пријавила дека во семејната куќа во Бујковци била физички и психички малтретирана од страна на нејзиниот сопруг В.М. (57).
Според пријавата на жената, сопругот неколку пати ја удрил со раце во пределот на телото и ја навредувал.
За време на малтретирањето бил присутен и нивниот син Н.М. (22).
В.М. (57) бил приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.