Нова книга од серијалот „A Song of Ice and Fire“ излегува оваа година

Исклучително бавниот автор на „Game of Thrones“, односно на серијалот книги „A Song of Ice and Fire“, Џорџ Р.Р. Мартин, најави дека оваа година ќе излезе уште една книга од познатата франшиза, но тоа нема да биде долгоочекуваното шесто продолжение, „The Winds of Water“.

Новата книга ќе биде одвоена од главната приказна и ќе биде пишана историја на семејството Таргариен, а нејзиното име е „Fire and Blood“.

Џорџ Р.Р. Мартин потврди дека новата книга ќе излезе годинава на неговиот LiveJournal, а таму напиша дека иако љубителите на „Game of Thrones“ ја чекаат новата книга, таа е едвај почната.

Љубителите на оваа франшиза ја чекаат „The Winds of Winter“ со години, откако последната книга од серијалот, „A Dance with Dragons“, излезе во 2011 година. Според Мартин, за новиот дел од серијалот ќе треба да почекаме уште барем една година, а нејзиното излегување се очекува некаде измеѓу првиот и вториот дел на „Fire and Blood“.

Авторот потоа додаде и дека „Fire and Blood“ ќе има многу малку оригинални и нови работи во неа, а воглавно ќе содржи делови кои Мартин ги исфрлил додека ја пишувал „The World of Ice and Fire“. Сепак, во оваа книга подетално ќе биде разработена лозата на семејството Таргариен и нивната улога во универзумот на „A Song of Ice and Fire“.

Телевизиската адаптација на книгата, „Game of Thrones“ полека се спрема за последната сезона, а новата книга би можела да открие дел од намерите и идните планови на семејството Таргариен.

Треба да знаете
Последни објави