Новак Ѓоковиќ ретко кога ги споделува моментите од приватниот живот, но оние во кои ужива сака да ги сподели со фановите. Фотографијата на која е со ќерката Тара со огромна брзина го освои интернетот.
Познатиот тенисер ги изненади своите фанови на Инстаграм со фотографија на која ја држи ќерката Тара, а неговата изјава на оваа друштвена мрежа изненади многумина.
“Моето срце им припаѓа на моите две девојки. Освоен сум за цел живот”, напишал Новак.