Ослободете се од притисокот, водењето љубов не мора секогаш да биде совршено

 

Сексот сам по себе е доволен да почувствувате блискост со партнерот. Да се почувствувате сакано или посакувано, во зависност од тоа како го одбирате партнерот. Секако, секогаш претпоставуваме дека баш “тој” секс мора да биде неверојатен. Но, не треба да значи дека секогаш сексот треба да изгледа како на филмско платно.

Терапевтите велат дека секој секс не мора да заврши со оргазам. Многу често се случува девојките да веруваат дека нивниот партнер за време на првиот пат со “магија” може да направи сè за она што тие сонувале. 

Доколку нивните верувања не се исполнат, веднаш почнуваат да се сомневаат за партнерот или сексуалниот живот.

 

“За сè е потребно трпение. Да речеме, доколку сте подготвни поради некој проект од работа да останете до подоцна и тоа неколку денови по ред, морате да вложите голем труд доколку сакате сексот да ви биде одличен. Колку што вложувате толку можете и да очекувате да Ви се врати задоволството, но важно е да не се преоптоварувате. Еден пропуст не треба да биде причина за да ја прекинете врската”, наведува Кристал Вудбриџ.

Според нејзиното мислење, сексот може да заврши недозавршен, односно кога партнерот ќе Ви предложи остатокот од вечерта да го поминете гледајќи филм, да разговарате или да се шетате.

“Важни се Вашите чувства, припадноста, блискоста. Останатото само ќе си дојде. Доколку сонувате да имате секс како во еротските филмови, имајте. Разговарајте со партнерот и договорете се. Сите опции се Ваши”, вели таа.

Треба да знаете
Последни објави