Поради ретка болест имал нос со големина на портокал

Поранешно воено лице од Санкт Петербург страдал од ретка болест, ринофима, која е кожна болест при што го доведува носот во многу поголема големина од нормалната. Носот може да има големина на портокал, а тоа претставува некој вид на бениген тумор.

Маж со 63 години од Санкт Петербург страдал од многу ретка болест, ринофима која предизвикува голем раст на носот. Оваа болест претставува еден вид на бениген тумор. 

Болеста е многу бавна и се сочинува од голем број на стадиуми. Започнува со црвенило на носните крила, отекување на поткожното ткиво што на крајот доведува до создавање на чворови и промена на бојата на кожата, која на крајот е црвена. Отворите на лојните жлезди се прошируваат, па носот наликува на кора од портокал.

Пластичниот хирург Марија Волох успеа да му помогне на пациентот и да отстрани пола килограм “вишок” од носот. Човекот имал потешкотии дури и со најосновите функции, како на пример со исхраната и дишењето. Носот му станувал толку голем што дури му паѓал и под брадата.

Пациентот после операцијата се чувтсвувал подобро и бил пуштен од болница.

Треба да знаете
Последни објави