Поради зборовите на адвокатката на убиецот, во судницата молк: Тој е скршено човечко суштество…

 

Адвокатката на напаѓачот од Флорида, обвинет за убиство на 17 луѓе во средно училиште, изјавила дека нејзиниот клиент Николас Круз е “скршено човечко суштество”.

Адвокатката Мелиса Мекнил, откако судијата одредил Круз да биде задржан во притвор без право на кауција, на новинарите им рекла дека тој 19-годишник е “сосема свесен што се случува”, дека е тажен и дека се кае. 

Мекнил станала емотивна додека им се обраќала на новинарите, наведувајќи дека е сосема свесна за влијанието кое пукањето го имало на заедницата.

Судијата во Флорида наредил Круз да биде задржан во притвор без право на кауција.

Круз на сослушувањето во судот се појавил во портокалово затворско одело со лисици на рацете зад грбот, а неговата адвокатка, која го прегрнала со раката, не поднесувала жалба на одлуката на судот.

Круз бил уапсен откако во средата во средното училиште во Паркленд на Флорида од огнено оружје усмртил 17 лица, а обвинет е по 17 точки, за убиство со предумисла.

Треба да знаете
Последни објави