Тилерсон и Ердоган 3 часа разговарале за влошените односи на САД и Турција

Американскиот државен обвинител Рекс Тилерсон вчера во Анкара долго разговарал со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во обид да се смират односите кои станале експлозивни по турската офанзива во Сирија на курдската милиција која е сојузничка на Вашингтон.

Според турските службеници, Ердоган јасно му кажал на државниот секретар за очекувањата на Турција во поглед на Сирија, за Иран, но и за долгата листа на спорови кои ги влошуваат односите меѓу двете земји, сојузници во рамките на НАТО. 

Разговарале три и пол часа

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент само спомнал “плодни и отворени разговори кои ќе овозможат взаемно корисен напредок на американско-турските односи”. Тој изразил надеж дека денес ќе биде остварен нов напредок во текот на средбата меѓу Тилерсон и турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу.

Тилерсон не дал никаква изјава

“Не вечерва, имаме уште работа”, им одговорил тој на новинарите кои му поставувале прашања по три и пол часови долгиот разговор.

“Нашите односи се на критична точка. Или ќе ги поправиме, или ќе се урнат во целост”, предупредил пред средбата Чавушоглу.

Проблем околу курдската YPG

“Разговорите ќе бидат тешки”, признава Вашингтон, кој ја нагласил “многу вжештената турска реторика”.

Турската престолнина одлучила да ја преименува авенијата во која се наоѓа американската амбасада во “Маслиново гранче”, според името на турската воена операција започната во северот на Сирија.

Таа офанзива на Африн и Единицата за заштита на народот – YPG, дополнително ги затрула односите. Анкара ја смета таа курдска милиција за терористичка, но таа е клучна сојузничка на САД во борбата против џиихадистичката група ИСИС.

Треба да знаете
Последни објави