Хаос во Мексико: Силен земјотрес ја тресе земјата, регистрирани 60 последователни потреси (ВИДЕО)
Најмалку 50 куќи се оштетени, а милион луѓе останаа без електрична енергија по силниот земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтер кој ги потресе јужните и централните делови на Мексико, а беше почувствуван и во главниот град.
Првично американскиот геофизички институт соопшти дека магнитудата е 7,5 степени, по што ја намали јачина на потресот.
Епицентарот бил во близина на тихоокеанското крајбрежје, на два километри источно од градот Пинотепа де Дон Луис, на 148 километри југозападно од градот Оахака, на длабочина од 24 километри.
Нема податоци за жртви, но има повредени.
Во главниот град на Мексико, зградите се нишаа повеќе од една минута. На телевизија беше прикажано како илјадници луѓе излегоа на улиците на мексиканскиот главен град, исплашени од земјотресот.
По земјотресот, денеска се регистрирани 60 последователни потреси, при што најсилниот беше со интензитет од 5,9 степени.
На 7 септември, земјотрес со интензитет 8,2 стресе го погоди Мексико и го одзеде животот на 96 лица, главно во државата Оахака.
На 19 септември, во земјотрес со интензитет од 7,1 степени загинаа 369 лица во земјата, токму на денот кога Мексиканците ја одбележа 32-годишнина од моќниот земјотрес од 1985 година, во кој загинаа околу 10 000 луѓе.
https://www.youtube.com/watch?v=4LD52tHajbo